Макс бара повеќе моќ од Хонда

Макс Верстапен смета дека Хонда мора да го забрза својот развој и да им даде повеќе моќ на Ред Бул за да се носат со конкурентите откако Мерцедес и Ферари беа реално побрзи од нив и во Франција.

Холанѓанецот заврши на 4то место, иста позиција на која ја почна трката иако беше околу Шарл Леклерм никогаш не успеа никако да му се закани на возачот на Ферари.

моравме да притискаме и да видиме колку брзо можеме да возиме. во еден момент од втората серија изгледавме добро и конкурентно, но по 6-7 кругови веќе немавме грип во задниот дел и одлучив да забавам и безбедно да привршувам. не моежв да се потпирам на задните гуми повеќе, а ферари и онака беа подобри од нас денеска.

секако дека имаме ограничувања. секој возач сака повеќе грип, но за нас моментов не е проблем грипот туку максималната брзина како што можеме да видиме.

во првиот круг морав многу жестоко да се бранам од нападите, имав добар старт, но три болиди дојдоа до мене и ќе ме минеа – анализира верстапен.

Возачот на Ред Бул смета дека екипата и Хонда мора заедно и посилно да работат за да се подобрат во однос на пакетот.

мораме да работиме на двете страни за да напредуваме и направиме чекор кон напред.

Следната трка во календарот е Австрија, патека каде лани Макс победи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ