Макс и Алекс извадиле максимум од трката

Макс Верстапен и Александер Албон сметаат дека извадиле максимум од Руското Гранд При откако стигнаа до 4то односно 5то место иако стартуваа доста подоле во поредокот.

Холанѓанецот Верстапен тргна од 9то место на гридот по казната од 5 позиции пораи предвремена промена на компоненти, но не губеше време и веднаш се пробиваше низ поредокот и враќаше загубени позиции. Сепак, неговиот РБ15 не можеше да се носи со најбрзите и на крајот заврши надвор од подиум.

јасно е дека бевме побавни од водечките, а во последниот сегмент од трката не ни помогна тоа што бевме на потврди гуми од нив.

искористивме максимум од оваа трка, тоа е јасно, но не е доволно и сакаме повеќе. сакаме до подиуми и победи така што треба да видиме како да стигнеме до тоа – најави макс.

Макс немаше многу работа во текот на трката, но Александер Албон и тоа како имаше откако тргна од боксот и мораше многу да претекнува за да се врати во поени.

среќен сум од трката и по тешката сабота која ја имав ова беше максимумот што моежв да го направам. по малку имав и среќа со безбедносното возило, но имав ритам за добро возење. благодарност до тимто кои вчера и денеска заврши одлична работа – изјави албон.

Тој објасни дека карактеристиките на патеката не му помогнале да претекнува полесно и да надоместува позиции.

начинот на кој патеката е дизајнирана кога следите болиди чувството е полошо одошто на други патеки затоа што како да се наоѓате во тунел каде нема никаде воздух, исто како на било која улична патека.

кога следите некого веднаш губите потисна сила и не мож да прекнете, нешто што го немаше во спа и на монца кога можев да сопирам подоцна и да претекнвуам. но штом сте еден на еден може да напаѓате и да претекнувате, нема проблеми.

Британецот со тајландско потекло смета дека треба порадно во текот на викендот да влегува во форма за да може да извади посилни резултати на неделните трки кога се делат поените.

во моментов секогаш се мачам на првите петочни сесии, а се подобрувам во остатокот од викендот. во недела вообичаено е добро, но треба да влезам во ритам многу проано. ќе дојде и тоа, ми треба искуство и повеќе кругови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ