Макс и Шарл биле “смртно скарани“

Шарл Леклер откри дека тој и Макс Верстапен како деца долго време не зборувале еден со друг, но денеска ситуацијата помеѓу нив е сосема поинаква.

На неколку кругови пред крајот на Австриското Гранд При, Верстапен со храбар и агресивен маневар имаше контакт со Шарл Леклер и му го превзема неговото водство во трката победувајќи на крајот. Возачот на Ферари беше лут на агресивниот потег, а по две недели на Силверстон покажаа класа ултра-агресивна борба, но не направија никаков инцидент иако доста кругови буквално “се изедоа“ на патеката.

не е вистина дена не можеме да се поднесеме. како деца не си ни кажувавме “чао“ еден на друг затоа што не бевме зрели и мешавме што е возач, а што е личност. но, за среќа во моментов нема никакви проблеми помеѓу нас – објасни шарл во своето интервју за Corriere della Sera.

Потоа возачот од Монако беше запрашан кога болело повеќе, поразот од Макс во Австрија или откажаниот мотор на Ферари во Бахреин.

во австрија макс беше побрз, а јас се мачев да носам со него и да го задржам зад себе. во бахреин беше тешко да се прифати, но на крајот, моето долгогодишно возачко искуство ми помогна да заборавам на лошиот ден.

во овој спорт констатно сте на лимитот и нормално е да има дефекти. ризикот секогаш постои, да не беше така ќе си седевме дома.

Сезонава имаше и трки каде Леклер самиот си одземаше поени правејќи грешки како онаа на квалификациите во Баку или излизгувањрто во ѕид на Хокенхајм.

строг сум кон себе, не само во германија кога на мокра патека излизгав во ѕидот туку и во баку кога направив грешка, а можев да бидам одличен. секогаш сум строг кога грешам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ