Макс Верстапен е лут на оние кои тврдат дека победата на претходната трка на Ред Бул Ринг му е поклонета.
Пред две недели холанѓанецот го мина Шарл Леклер од Ферари на два круга пред крајот со агресивен маневар и на тој начин дојде до триумф.
Поранешниот Формула 1 возач, Мајкл Бликемолен, смета дека Мерцедес всушност немале толкав проблем со ладењето на жешката трка како што тоа го тврделе.
нешто смрди. да, изгледа е наместено.
од доверлив извор дознав дека мерцедес биле замолени да попуштат – изјави бликемолен за Ziggo Sport.
Кога ги прочита тие коментари, Верстапен збесна:
ми била подарена победа, така ли?
ако така мислите, мислам дека тоа е најглупавото ннешто.
Мерцедес исто така ги демантираа шпекулациите.