Макс не се грижи за својата иднина во Ред Бул

Макс Верстапен инсистира дека не чувствува никаква загриженост во врска со својата Формула 1 иднина во Ред Бул иако медиумите пренесуваат дека е фрустриран од недоволните перформанси на пакетот од Милтон Кинс.

Договорот на холанѓанецот со тимот има важност до крајот на 2020 година, а самиот возач е веројатно најпосакуваниот пилот на пазарот на возачите откако веќе стигна до седум победи и покажа дека знае да биде прв доколку има соодветен пакет на располагање.

Сезонава триумфираше два пати што е многу ветувачки во дебитантската година од соработката на Ред Бул со јапонска Хонда. Пред летната пауза, “биковите“ изгледаа како најблизок конкурент на Мерцедес, но по крајот на летото Ферари екстремно напредуваше по што Макс остана разочаран од напредокот на својот болид.

не бев разочаран, но секако дека не бев задоволен затоа што тоа е нормално по разочарувачка и здодевна трка. мислам дека секогаш кога победувате стре среќени и задоволни, а возбуда секако дека има и кога ќе завршите на подиум.

последните неколку трки не беа најсилни за нас, но верувам дека можеме многу подобро и даваме се од себе за тоа да се случи. би било погрешно да бидам пресреќен со трката в осочи, така што треба само да притиснаме силно и да почекаме да видиме што ни носи иднината.

не сум загрижен за перформансите, н осакам да победувам и давам се од себе цело време, а верувам дека и тимот го прави истото – појасни макс.

И покрај незадоволството со перформансите на РБ15 пакетот, тој се надева дека ќе продолжи со серијата подиуми.

подиум дефинитивно е наша цел, но право да видиме како ќе биде викендов со времето. ќе се обидеме да дадеме се од себе викендов и да стигнеме до добар резултат – најави верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ