Макс смета дека се слаби поради промената на предното крило

Макс Верстапен смета дека слабоста на РБ15 болидот на Ред Бул произлегува од промените на предното крило, што значи дека грешката е во самиот дизајн а не во сржта на пакетот со кој располагаат.

По седум извозени трки сезонава, екипата од Милтон Кинс има помалку поени од истиот период лани, иако Верстапен два пати заврши на подиум и ќе дојдеше и до трети подиум да не беше казната од Монако.

Екипата не го притиска Мерцедес како што се надеваа и се свесни дека болидот треба да се подобри како и нивниот нов партнер Хонда, со кои заедно работат за подобрување. Холанѓанецот смета дека по воведување на поголемите и поедностави предни крила воведени оваа сезона, екипата веќе не е поим за силна шасија како што беа лани.

не мислам дека побавни сме поради хонда, туку дека нашата шасија е полоша. се работи за правилата кои се однесуваат на предното крило кое стана многу поедноставно. ние сме навистина добри во контрола на се што се случува во однос на шасијата, а тоа го покажавме во минатото. не најдовме брзина веднаш и ќе мораме да го подесиме болидот.

можеби поради тоа што е почеток на сезоната не сме доволно оптимизирани и свсни сме за тоа. како и да е се обидуваме да се вратиме каде што сакаме – најави верстапен.

Тој смета дека тимот нема голем дефицит кај болиот во однос на Мерцедес, а неколку пати и сериозно ги предизвикаа Ферари. Се чини дека недостатокот на поени кај тимот е поради тоа што Пјер Гасли има освоено далеку помалку поени од Даниел Рикардо лани.

ни треба повеќе грип, но сите го сакаат тоа. секогаш сакате да минувате побрзо низ кривините. немаме фундаментален проблем или нешто што мораме да работиме долго време за да го корегираме. ни требаат некои ситници кои ќе ни донесат грип.

кога ќе добиеме повеќе грип, подобро ќе работиме со гумите нешто што лани беше наша силна страна и одлично оптимизиравме со пирели. тоа значи дека имавме одлично балансиран болид кој добро се грижи за гумите. ни треба повеќе максимална брзина на правците и тогаш се ќе стане полесно.

Третата спецификација на Хонда која Верстапен ја доби на Пол Рикар има подобрен мотор со внатрешно согорување како и подобрен турбо полнач, со што се предвидуваат поголеми перформанси, иако не се очекува веднаш да се стигне до Мерцедес.

секогаш е добро да имате нов мотор, не очекувам дека одеднаш ќе се случи нешто спектакларно, но ако имаме нов мотор секако дека ќе сакаме да го возиме дури и ако тоа значи трет мотор. издржливоста не е проблем, во моментов ни требаат перформанси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ