Макс: Јас сум возачот, не татко ми

По твитот на Јос Верстапен дека Макс ќе замине од Ред Бул, младиот возач стави јасно до знаење дека тој саиот решава за својата судбина во Формула 1.

Согласно актуелниот договор со Милтон Кинс, холанѓанецот треба да остане во екипата до крајот на 2020 година.

Шпекулации за талентираниот и агресивен млад возач постојат многу, а се споменува и интерес од врвните Мерцедес и Ферари. Медиумите неодамна открија дека во договорот на Макс има клаузула според која може да дојде до раскин на соработката доколку недостасуваат перформанси.

Ред Бул нема победа сезонава, а италијанска Gazzetta dello Sport неодамна пренесе загриженост од доктор Хелмут Марко дека може да го загуби својот возач.

јас сум возачот, не татко ми. уживам сезонава, но секако знам дека треба да сме подобри. верувам во проектот кој го започнавме со хонда, работиме напорно и сакаме дојдеме до посилни перформанси – изјави верстапен.

По седум извозени трки, Макс е на 4то место во возачкиот поредок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ