Малезија: Втора победа во кариерата за Верстапен

Холанѓанецот Макес Верстапен доби фантастичен подарок за својот роденден, втора победа во својата Формула 1 кариера по победата на Големата награда на Шпанија минатата година. Фантастичен подарок ако се земат во предвид механичките проблеми со кои се соочува годинава. Воедно, ова беше и негов 9ти подиум во кариерата, 54та победа за Ред Бул и 145ти подиум за “разјарените бикови“.

Луис Хамилтон го загуби водството во 4от круг и не успеа да го нападне Верстапен, финишираше на 2ро место и дојде до својот 114ти подиум, а 148ми за Мерцедес. Рикардо се најде на најниското подиумско место стигнувајќи до своето 26то искачување на пиедесталот. Ветел беше фантастично брз во втората серија, стигна до Рикардо, нападна еднаш, но неговите гуми толку издржаа и мораше да се задоволи со 4то место, додека Валтери Ботас заврши како 5ти.

Вчерашните малери се пренесоа и денеска за Ферари. Трката не беше ни почната, болидите беа наредени на стартно целната рамнинга, а Ферарито на Раиконен беше со отворен поклопец на мотор. Механичарите беа собрани околу болидот кој потоа беше истуркан од стартно целната рамнина право во гаражата на поправка. Болидот не беше навреме поправен, финецот не стартуваше, но тоа не беше се од малерите на Ферари.

На стартот сите возачи се наредија со суперсофт компонентата освен последните тројца, Себастијан Ветел од Ферари како и Паскал Верлејн и Маркус Ериксон од Заубер.

Стартот беше добар за Валтери Ботас кој веднаш го превзема 3то место на Рикардо и го нападна Верстапен за 2ро место. Работата беше олеснета поради отсуството на Раиконен. Ботас и Макс се бореа половина круг пред холанѓанецот да ја зацементира својата позиција и да го остави финецот зад себе. Одличен старт имаше и Серхио Перез кој тргна како 10ти, а на крајот на првиот круг беше 6ти.

Кругот број 4 ја одлучи трката, момент во кој Макс Верстапен го нападна Луис Хамилтон и многу лесно му го зема водството на денеска неконкурентниот болид на Мерцедес. Веќе 20-годишниот холанѓанец не го испушти водството до крајот на трката, освен кгоа менуваше гуми, позицијата му ја причува тимскиот колега.

Во 9от круг Перез продолжи да напредува , го нападна и претекна Стофел Вандорн, превземајќи го неговото 5то место.

Истиот тој 9ти круг, Даниел Рикардо по неколку обиди успеа да изведе одличен напад над Валтери Ботас и д го превземе неговото 3то место кое на крајот му донесе подиум.

Токму тој 9ти круг беше моментот во кој Себастијан Ветел влезе во поени и топ 10, откако 5 кругови возеше зад Фернандо Алонсо, губејќи доста ритам. Следниот круг Себ го нападна Магнусен и му го превзема 9то место, а во 13от круг веќе беше 7ми проади тоа што Строл и Маса од Вилијамс влегоа по свежи гуми. Во 21от круг, возачот на Ферари одјде до 5то место претекнувајќи го Естебан Окон, откако претходно и Стофел Вандорн влезе во гаража по нови пневматици.

Карлос Саинз и Естебан Окон имаа жесток дуел во 25от круг, кога французинот сакаше да мине однадвор на комплексот од првите два свиоци, но го закачи болидот на Торо Росо кој беше позициониран во внатрешниот дел. Окон се изврте и наместо 8то место кое го напаѓаше, продолжи од 12то.

По 5 кругови, односно во 30та обиколка на патеката, шпанецот Саинз пријави губење сила од моторот и едвај успеа да го довлечка својот болид во гаражата што значеше крај за неговата трка.

Прв од водечките во гаража влезе Луис Хамилтон кој во 27от круг влезе да промени на софт и падна од 2ро на 3то место.

Во овие моменти Ветел беше залепен за Ботас и бараше простор како да мине, но поради тоа што не успеа да најде начин, влезе во бокс и промени од софт на суперсофт, излегувајќи на 6то место. Истиот круг во бокс влезе и Верстапен кој искочи на софт и го предаде водството на својот тимски колега Даниел Рикардо.

Следниот круг број 29 во пит влезе и Валтери Ботас, но по излегувањето ја загуби позицијата од Ветел кој веднаш се одлепи пред него, а во 30от круг по нови гуми влезе и Рикардо. Последен од водечктие промени Серхио Перез, во кругот број 31.

Себастиан Ветел изезе на 18 секунди зад Даниел Рикардо, но надоместуваше по секунда во круг и на 10тина кругови до крајот се приближи. Нападна неколку пати, најжестоко во 50от круг, но не успеа да го минеа австрлијанецот и да му го украде местото на подиум.

Одлични поени освои Форс Индија со 6то и 10то место, Стофел Вандорн беше фантастичен со 7мо место, а Строл и Маса беа 8ми и 9ти во нов двоен пласман во поени за Вилијамс. На Фернандо Алонсо за малку му избега поен, финишираше како 10ти, а Пјер Гасли своето Формула 1 деби го заврши на 14то место.

Трката заврши, но не и малерите на Ферари. Во почесниот круг кога сите возачи отпоздравуваа на публиката, несмасниот Строл удри во Ферарито на Ветел и го распарчи задниот лев дел од болидот. Маурицио Аривабене не можеше да поверува на своите очи. Себ беше качен на болидот на Паскал Верлејн и на тој начин се возеше по патеката и отпоздравувше на фановите.

Луис Хамилтон ја зголеми својата предност во генералниот поредок на 34 поени, додека Валтери Ботас е дополнителни 25 поени зад Ветел. Даниел Рикардо заостанува 45 поени зад финецот, додека Кими е доста назад. Верстапен е 6ти, а Перез “му избега“ на Окон за 19 поени.

Мерцедес е тешко достижен со 118 поени предност пред Ферари, додека Ред Бул се приближи на 115 зад Скудерија. На 5то место се Вилијамс кои го зголемија водството на 13 поени пред Торо Росо.

[table id=32 /]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ