Маркез со тест за Ред Бул во Австрија

Ѕвездата во МотоГП, Марк Маркез, доби можност да тестира Формула 1 болид за екипата на Ред Бул, притоа возејќи го РБ8 со В8 мотор на Ред Бул Ринг во Австрија.

Победникот на девет Гранд При трки, Марк Вебер, беше на патеката за да понуди совет за моторциклистот на Хонда, придружуван и од шефот на моторспорт при Ред Бул, Хелмут Марко.

Денес беше ден целосно исполнет со насмевки, ова е одлично искуство! Беше неверојатно чувство да се вози Формула 1 болид, ова беше мое прво искуство. Сум возел болид од Формула 3, но само 2 круга во Мотеги.

Бев многу, многу нервозен, тешко спиев, дури потешко одколку за време на МотоГП трка. Но чекор по чекор само се обидував да се снајдам, да уживам и беше навистина добро.

Ми рекоа дека не сум бил лош, но многу каснев во однос на темпото, но чекор по чекор почнав да го разбирам болидот, а со овие легенди околу мене, се е полесно.

Овој ден ќе го паметам засекогаш – изјави Маркез.

Неговото прво Формула 1 искуство е прикажано во следната галерија:

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ