Марко: Алонсо не контактираше за следната година

Од Ред Бул потврдија дека на Фернандо Алонсо му понудиле место во Милтон Кинс во 2008 година штом шпанецот го напуштил Мекларен, но наместо кај нив, Алонсо заминал во Рено. Според Марко главна пречка во преговорите биле финансиските услови кои ги поставил возачот.

Алонсо има различно гледање на работите судејќи по неговата изјава дека ги одбил Ред Бул шест пати во неговата кариера и последно за место во 2019 година. Но, сега, откако тој веќе нема контакт со Мекларен, бара место во Формула 1.

Нандо тешко дека ќе се договори со Ред Бул бидејќи има лош однос со Хонда која снабдува свои мотори во Милтон Кинс.

Менаџерот на Алонсо не контактираше да ни каже дека тој е достапен. Но за Хонда, Алонсо не доаѓа во предвид – изјави Марко.

Хонда се врати во спортот со Мекларен во 2015 година преку Мекларен и Алонсо, но нивното партнерство не успеа, а Алонсо беше жесток критичар на моторот од Хонда.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ