Марко: Второкласен Ф2 возач покажа колку е добар Мерцедес

Хелмут Марко вели дека перформансите прикажани од возачот во Формула 2, Никита Мазепин во Барселона, се дополнителен доказ за супериорноста на Мерцедес В10 во однос на ривалите.

20-годишниот русин моментално се трка во Формула 2 и кој во минатото тестираше со Форс Индија, доби целодневен тест со екипата на Мерцедес неделава. Младиот возач целосно ја искористи шансата која му беше доделена, го постави најбрзото време, а резултатот не помина незабележан од Хелмут Марко од Ред Бул, кој го истакна квалитетот на болидот, наместо тој на возачот.

Второкласен Формула 2 возач да постави најбрзо време уште во прво возење покажува колку се супериорни Мерцедес. Посупериорни од било кога.

Тоа што ме изненади е што Мерцедес не се ни обидоа да го сокријат тоа и не го спречија да го постави најбрзото време на денот. Супериорноста е многу јасна.

Иако Мерцедес ја имаат најдолгата шасија, нивната предност ќе биде уште поголема. Тие се животни со грипот, а тоа е суштината на Монако. Ние најдовме нешто, но не е доволно.

Ако Ферари не најдат потисна сила и тракција, тие најверојатно ќе завршат шести или седми во Монако. Нивната слабост беше очигледна во Барселона, која е слична на Монако. Нивниот мотор е многу добар, но им недостасува потисна сила и екстремна тракција – смета марко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ