Марко ги демантира гласините околу Хулкенберг

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, демантира дека тимот е во преговори со Нико хулкенберг како евентуална замена за младиот дебитанта во екиапта, французинот Пјер Гасли.

По Гранд При во Монако, италијанското издание на motorsport пренесе дека германецот ќе биде дел од тимот од Милтон Кинс следната година. Италијанците тоа го образложија со еден вид безбедна варијанта доколку младиот Гасли не се подобри драстично до крајот на оваа тркачка сезона.

чисти гласини, шпекулации кои не ни сакам да ги коментирам повеќе. вистинска бесмислица, тоа му го реков и на гасли кој дури и ми се јави да ме праша околу тоа – краток и јасен е строгиот марко.

Сепак, Ред Бул се познати по строгиот и безмилосен однос кон возачите, така што никој не би зачудило доколку на крајот на сезоната Пјер замине откако не ги исполнил очекувањата кои од него ги имале во Милтон Кинс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ