Марко загрижен: Почнавме да снемуваме резервни делови

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко е загрижен поради тоа што во екипата почнале да се намалуваат залихите на резервни делови, по сударот на Пјер Гасли на петочните тренинг сесии во Хокенхајм.

Запрашан за штетата на болидот, Марко одговори:

подобро да прашате што не е оштетено.

Сударот на французинот е во лош момент токму кога почна да ја враќа самодовербата откако гласините дека ќе биде отпуштен од Ред Бул стануваа се посилни.

тоа беше едноставна возачка грешка која се надевам дека нема да влијае врз него.

фокусот во моментов е дали можеме да го поправиме болидот. секако дека знаеме како, но почнавме да ни сменува резервни делови.

фетел го удри верстапен на силверстон, буеми имаше тежок судар на тестот за пирели, а сега и гасли. полека залихите се трошат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ