Марко задоволен што клаузулата кај Верстапен истече

Советникот за моторспорт во Ред Бул, доктор Хелмут Марко, е среќен што клаузулата која овозможуваше предвремен раскин на договорот на Макс Верстапен веќе истече и возачот со сигурност останува во Милтон Кинс и следната година.

Младиот возач имаше валиден договор и по оваа сезона, но минатиот период се пишуваше дека во неговиот догово има клаузула која ги одредува перформансите и која може да предизвика раскин на договорот доколку Ред Бул не почнат да победуваат.

Клаузулата била можна да се искористи до Унгарското Гранд При, но условот холанѓанецот да биде најмалку 3ти во возачкиот поредок бил исполнет, така што повеќе нема никакви услови за негово заминување од тимотч

клаузула од таков тип е нормална работа затоа што имаме нов снабдувач со мотори, а перформансите се многу важни – изјави марко од будимпешта.

По крајот на Унгарското Гранд При и силнит еперформанси на возачот, Хелмут потврди дека клаузулата и официјално е невалидна.

секако дека е убаво што та веше не постои, но и покрај тоа ние се договоривме тој да продолжи со нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ