Марко имал многу важен состанок со Хонда

Доктор Хелмут Марко откри дека имал многу важен состанок со јапонците од Хонда во Понеделник, а холандски Formule 1 тврди дека од Сакура се согласиле да останат на гридот и по 2020 година.

Се дискутирало и за притисокот од Ред Бул кон јапонците да инвестираат повеќе во проектот за да ги стигнат водечите агрегати во тркачката серија.

ферари се неверојатно силни со својот мотор и никој во моментов не може да ги победи – изјавил марко.

Состанокот на австриецот со доставувачите на мотори е клучен и поради фактот што во моментов правилата за 2021 година се поддржани само од 4 екипи на гридот, а Ред Бул и сестринскиот Торо Росо не се дел од тие.

Реномираниот Forbes пренесува дека трошоците на екипата од Милтон Кинс пораснале на 386 милиони долари и поради тоа тие се загрижени за она што следува по 2020 година. Ред Бул сметаат дека промените на правилата може да донесат големи и нови трошоци за екипите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ