Марко: Леклер направи глупава грешка

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт во Ред Бул, е јасен дека Шарл Леклер заслужил казна за неговиот судар со Макс Верстапен, контакт по кој Макс мораше да ја заврши трката пред време по само 15 кругови на патеката.

Штетата беше огромна и загубивме потисна сила. Тоа немаше смисла.

Иронично е бидејќи имавме најдобар старт оваа сезона. макс беше цел болид понапред и Леклер влета во него. Глупава грешка од одличен возач – смета марко.

Леклер доби 15 секунди казна за работи поврзани со сударот и “падна“ од 6то на 7мо место во возачкиот поредок.. Марко смета дека казната е јасна.

Случајот е јасен. Леклер продолжи право и го искористи Верстапен како помош. Доколку немаше казна ќе беше лошо, Но сепак и казната не ни помогна многу.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ