Марко лут на Фетел: Ни го уништи подиумот

По нивното заедничко и многу успешно минато, доктор Хелмут Марко вообичаено зборува во суперлативи за Себастијан Фетел, но овој пат не беше така. Австриецот беше лут што возачот на Ферари влета во задниот дел на Ред Бул болидот на Макс Верстапен за време на Британското Гранд При во Силверстон.

Трката изобилуваше со одлични борбо помеѓу возачите на Ферари и оние на Ред Бул. во еден момент Себ буквално влета во задниот дел од Верстапен.

Возачите не се откажаа, по прошетка во песокот крај патеката Верстапен се врати во трка, а Себастијан влезе во бокс пред да продолжи.

тој се прецени себе си, кочеше предоцна и со тоа го уништи нашиот подиум. јасно беше дека сме побрзи од ферари на оваа трка, а мерцедес беа пребрзи, но никогаш не беа пред нас за да видие колку се побрзи. луис беше брз, но второ и трето место беа достапни – потенцира марко.

По сударот, 3то место го превзема Шарл леклер, а Пјер Гасли заврши со својот најдобар пласман на 4то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ