Марко: Мерцедес го поправи ладењето

Хелмут Марко, Советникот на Ред Бул, смета дека Мерцедес го поправиле проблемот со ладењето кој им помогна на Ред Бул да победат во Австрија.

Мерцедес победи на првите осум трки, а нивната серија беше прекината на домашната трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде победи Макс Верстапен со фантастичен втор дел од настанот.

Високите температури беа предизвикувачки за нас и моравме да внимаваме – изјави Тото Волф по трката.

Веднаш по трката во Австрија од Мерцедес објавија дека имаат проблем и мора да го средат ладењето. Валтери Ботас изјави дека треба понапорно да се работи на тоа.

Среќен сум што на топла трка ќе имаме решен проблем со ладењето – вели ботас во пресрет на настанот на хокенхајм.

Марко слушнал дека Мерцедес носат нова шасија за Хокенхајм откако таа успешно го поминала краш тестот.

Слушнав дека Мерцедес носат нова шасија и ладење. Тие страдаат само на топлина и се надевам дека тоа ќе биде случај и во Хокенхајм – посакува марко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ