Марко најавува нова Хонда за Монца и Сочи

Хелмут Марко откри дека Хонда ќе донесе нова спецификација на својот мотор за Големата награда на Италија на легендарната Монца, а подобрувања ќе има и на трката во Русија.

Советникот на Ред Бул верува дека со тоа екипата ќе го намали заостатокот во однос на Мерцедес и ќе ги зголеми драстично шансите на Макс Верстапен за сериозен напад на шампионската титула.

во монца ќе добиеме нов мотор, а во русија ново подобро гориво. со тоа би требало да го добиеме целосниот потенцијал на моторот, а перформансите на болидот многу ќе се подобрат – најави марко.

Во врска со перформансите на екипата во Германија, Марко верува дека двете екипи, Ред Бул и Торо Росо биле фантастични, а во Милтон Кинс реално може да се надеваат на напад на титулата.

не исклучуваме титула. во германија за прв пат се споија коцките, победивме на патеката не поради тоа што мерцедес имаше проблем. ладењето е дел од пакетот, а макс ги мина и мерцедес и ферари на патеката.

Заостатокот на Верстапен зад Валтери Ботас од Мерцедес во моментов е намален на 22 поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ