Марко не би бил изненаден од фаворизирање на Мерцедес

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, не е задоволен со развојот на настантие во Формула 1 во последно време и одлуки во кои Мерцедес има клучна улога при носењето.

“Сребрените стрели“ имаат седум последователни победи оваа сезона и полека, но многу сигурно се движи кон 6та последователна двојна титула. Сепак, скроешните одлуки околу техничките промени во иднина се чини дека се наклонети кон Мерцедес.

да речеме вака, воочливо е дека проментие и одлуките во последно време се секогаш добри за мерцедес. на пример, пирели ги промени гумите пред стартот на сезоната за да не прегреваат, но лани само мерцедес имаше проблем со прегревањето.

одеднаш во 2019 година мерцедес се единствени што може да ја погодат идеалната температура во гумите и да ги возат на оптимум, а сите останати се мачат.

интересно е и по малку смешно, сите имаме можност да реагираме на тоа, но болидите се дизајнирани за помала потисна сила, а само мерцедес направи болид со многу потисна сила и тракција со една цел, да извади максимум од новите гуми – го објасни своето тврдење марко.

Многу често сомничавиот Марко, поради погоре кажаното, не отфрла некаква спрега помеѓу Формула 1 и Мерцедес.

не можам да докажам дека мерцедес ги имаше податоците за гумите пред нас, но не можам ни да го отфрлам тоа. ние во ред бул многу прецизно го следиме идниот развој на формула 1, а таму се одвиваат и разговорите со пирели

Шефот на Мерцедес, како најповикан, побрза да ги отфрли обвинувњата од Хелмут.

нашето внимание не смее да биде одвлечено од такви гласини. секоја година имаме нови гуми од пирели, понекогаш е полесно и побрзо да се разберат, понекогаш маката е поголема. ние вадиме најмногу од она што ни се нуди.ж

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ