Марко потресен од загубата на верниот другар

Хелмут Марко е пшотресен од загубата на верниот пријател, трикратниот Формула 1 првак Ники Лауда.

Доктор Марко за прв пат се сретнал со својот сонародник во 1968 година, а одтогаш се верни пријатели и си ги следат своите кариери по крајот на тркањето.

знаев дека не е во добра состојба, но сепак, кога некоја ваква вест ќе дојде е многу тешко.

во текот на мојата тркачка кариера ники ми беше верен пријател, како додека возев, така и во менаџментот подоцна. имаме многу заеднички искуства, заеднички моменти и смешни ситуации, а потоа дојде смртта.

тешко е да се прифати затоа што не постои човек во формула 1 со кого сум толку близок во однос на менталитетот, искреноста и хуморот – откри марко.

Хелмут откри дека го посетил Ники во болница во Виена минатата година и бил потресен кога го видел, но забележал голем оптимизам во неговите очи и неговиот глас. Тој откри дека минувале многу време заедно по смртта на Јохен Риндт, постхумниот првак од 1970 година иако двајцата се бореле за негов наследник.

Марко откри дека имал преддоговор со Ферари пред неговата Формула 1 кариера да заврши предвреме откако неговата кацига беше прдучена од камен за време на Француското Гранд При во 1972 година додека возеше за БРМ, што му донесе тешка повреда на окото. Тој смета дека Ферари потоа се свртеле кон Лауда и тој индиректно му го олеснил патот до Маранело.

прво го зема моето место во брм, а потоа и во ферари. возевме до модена заедно, сакаше да го придружувам за време на неговите преговори со енцо. на момент си помислив дека ники ќе го наследи сето тоа од мене и дека тоа не е фер, но повеќе размислив, така што јас ионака не можев повеќе да се тркам така што беше одлично што друг австриец влегува на мое место.

помеѓу нас никогаш немало горчина и завист. можеби на почетокот бев нерапсоложен, но логиката ми велеше дека подобро ники одошто било кој друг. одтогаш останавме во редовен и чест контакт.

Тој го пофали начинот на кој Лауда се соочил и справил со она што следувало по несреќата на авион од неговата авио компанија во Тајланд во 1991 година.

тој е тврдоглав, типично за него и докажа дека глобална корпорација како боинг била виновна за падот на авионот, а не неговата компанија и неговите пилоти, туку дизајнерска грешка.

Пред да се разболе и додека доаѓаше на трките доручкувавме секое утро. гледавме “надвор од кутијата“ ја гледавме “големата слика“ и најважно за нас беше спортот да остане атрактивен.

тој беше семеен човек, еден од најголемите австријци, добар и великодушен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ