Марко претпазлив: Ф1 може да стане првенство на сметководители

Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт на Ред Бул, смета дека Формула 1 ризикува да стане првенство на сметководители, откако првичните информации од состаноците велат дека буџетите од 2021 година ќе бидат ограничени на 175 милиони долари по екипа.

Марко смета дека буџетското ограничување е превземање ризик во спорт кој ионака е претерано регулиран.

во најлош случај ќе станеме првенство на сметководители каде дисквалификациите за прекумерно трошење ќе се прават два месеци откако ќе завшри сезоната.

разгледуваме и други серии каде може да се развиваме како на пример класата за хиперавтомобили во ендјуранс серијата. така би користеле исти воздушен тунел за двете возила – смета марко.

Но, Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери, не се согласува со него:

планот е ограничувањето да се тестра од 2020 година, да постои година за учење за сите нас и ние немаме илузија дека ќе биде лесно и веднаш спреоведливо.

препотставувам дека дополнително ќе го рафинираме трошењето, веќе почнуваме со тоа. сакаме да го промениме спортот така што конкурентноста да стане возможна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ