Марко реален: Не можеме да ги победиме Мерцедес во Монако

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко нема голема надеж дека неговата екипа може да ја спречи доминацијата на Мерцедес на претсојниот тркачки викенд во Монако.

Патеката низ кнежевството е традиционално патека каде поредокот се доближува и често има изненадувачки резултати, но по пет 1-2 победи на исто толку трки за “сребрените стрели“ ретко кој знае како да се сопре нивната доминација. Марко посочи и дека Мерцедес се многоу брзи на бавните кривини какви што има по целата патека во Монта Карло.

беше алармантно колку мерцедес беше побрз во бавните кривини како што е целиот последен сектор во барселона, а монте карло е речиси цело такво.

знаеме каде ние губевме време, не сме побавни, но имаше неколку посебни места, одредени кривини, каде едноставно губевме време – објасни марко.

Ред Бул не се странци во однос на доминација во Формула 1 затоа што освоија четири едно по други твојни титули од 2010 година до 2013 година, но Хелмут смета дека во тој период тие не доминирале на начинот на кој тоа го прави Мерцедес.

ние не бевме ни приближно доминантни како нив, имаше неколку промени во правила годишно во тој период кои не ни даваа да доминираме, но за тоа во моментов никој не размислува.

Во однос на напредокот на својот болид, Марко се надева дека ќе напрадуваат до крајот.

ние одиме чекор напред, но се чини дека мерцедес во исто време прави два чекори. насоакта ја имаме, но мораме да се продолжиме да се бориме. среќни сме што го направивме првиот чекор, а тоа е оставање на ферари за над, следува бркање на мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ