Марко смета дека Гасли е виновен за ударот на Макс

Хелмут Марко од Ред Бул смета дека Пјер Гасли е индиректно виновен за тоа што Макс Верстапен со својот РБ15 болид имаше контакт со ѕидот на шампионите.

Двајцата возачи на Ред Бул возеа во вторите петочни 90 минути, Гасли се подготвуваше за својот брз круг, додека Макс го завршуваше. Холанѓанецот брзо се приближуваше кон Пјер, овој беше бавен така што кога беа доволно блиску еден до друг, болидот на Макс загуби потисна сила.

Макс мина само со мала штета, а Гасли бил предоцна предупреден дека Макс е брз зад него.

тој е индиректно одговорен за тоа што верстапен се допре до ѕидот. мораше или нагло да забрза и да исчезне или да се тргне о тркачката линија и да го пропушти макс.

ние му кажавме точно на кое растојание е макс од него – изјави марко за Sky Sports.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ