Марко смета дека Фетел треба да замине од Ферари

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, смета дека германецот Себастијан Фетел треба да замине од Ферари затоа што не му годи во тимот.

Грешките на Себ продолжија во Британија кога неговата грешка доведе до тоа да се забие во Макс Верстапен, а очајниот пласман го деградираше на 100 поени зад Луис Хамилтон.

Марко смета дека грешките на четирикратниот првак доаѓаат од тоа што тој е на погрешно место и треба да ја промени екипата.

грешки се прават кога повеќе немате верба во себе. тоа се случува несвесно. себастијан е подобро да ја промени средината, со други зборови да си оди од тимот, но не гледам надеж за тоа до крајот на следната година – смета марко.

Џонатан Витли, тимскиот менаџер на Ред Бул, исто така се осврна на тешкиот период низ кој минува Фетел.

себастијан е многу интелигентен, чувствителен и добродушен човек. тоа се гледа од неговиот однос со сопругата и децата и со фантастичниот говор кој го одржа за чарли вајтинг на силверстон.

не е толку цврст како михаел шумахер или фернандо алонсо кој секогаш имаат сила. тој е возач на кој му треба безрезервна поддршка, тоа го имаше во ред бул, а веројатно му недостасува во ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ