Марко: Хонда сеуште нерешителни за во иднина

Хонда сеуште не се има обврзано да снабдува мотори Формула 1 екипи по 2020 година. Ова е тврдењето на доктор Хелмут Марко од Ред Бул. Австриецот признава дека јапонците работат да ги стигнат Ферари и Мерцедес, а дополнително, ЕксонМобил веќе достави ново гориво со кое се подобрува работата на моторот.

На квалификации заостануваме, особено зад Ферари. Губиме 8 десетинки на правците, на трка сме еднакви со Мерцедс – кусо анализира марко.

Иднината на Хонда по 2020 година сеуште не е сигурна.

Тие сеуште ги чекаат новите правила. Подоцна ќе анализираат и ќе одлучат.

Марко признава дека намалувањето на трошоците за производителите на мотори е доста важно.

Доколку не бидат поевтини ќе биде потешко за сите. Замрзнување на развојот треба да се случи кога сите ќе бидат еднакви. Во моментов Ферари е посилен од сите на квалификациите – искрен е хелмут.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ