Маса: Трка помеѓу Сена и Хамилтон би била фантастична

Блиска трка помеѓу Аиртон Сена и Луис Хамилтон би била многу интересна, смета поранешниот бразилски возач на Ферари, Фелипе МАса.

Во 2008 година, Маса буквално беше првак за момент, се додека Хамилтон не ја заврши трката, претекнувајќи го Тимо Глок на стартно целната рамнина и на тој начин доаѓајќи до потребните поени.

Би било интересно да се види таква трка. Никогаш нема да дознаеме кој беше побрз.

Сена беше речиси непобедлив посебно на квалификации. Во однос на брзина е тешко да се најде некој како него. Секогаш сум кажувал дека никогаш нема да видам некој како Сена. Но Луис е првиот возач кој е на исто ниво како Аиртон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ