Маси не смета дека предупредувачкото знаме ќе донесе опасно возење

Мајкл Маси, Директорот за трка во Формула 1, не смета дека користењето на црно-белото знаме за предупредување ќе донесе опасно возење на патеката.

Новата иницијатива стапи на сила од Белгиското Гранд При и според нега возачите ќе бидат предупредувани за неспортско однесување на патеката со истакнување на црно-бело знаме. Користењето на такво знаме што се смета дека е пандан на жолт картон во фудбалот некои сметаат дека ќе донесе опасно возење поради тоа што возачите ќе знаат дека нема веднаш да бидат казнето.

До сега знамето е покажано два пати, еднаш на Пјер Гасли во Белгија минатиот викенд и еднаш на Шарл Леклер викендов во Италија. Маси не смета дека опасностите на патеката ќе се зголемат затоа што правото на стјуардите веднаш да изречат казна останува на сила.

не сметам дека возачите ќе се однесуваат опасно. знаат дека било каков опасен потег е на самата граница, а никој не сака да ја помине таа граница.

мислам дека начинот на кој знамето работи и двата наврати на кои беше покажано до сега сметам дека си ја оствари целта. секој инцидент не може да се гледа низ призмата на таквото знаме, се е индивидуално и ќе се разгледува индивидуално – смета маси.

Тој дообјасни дека новиот систем не ги спречува стјуардите веднаш да изречат казна доколку мислат дека инцидентот се коси со правилата.

на крајот одлуката е на стјуарите дали некој ќе биде казнет или не. знамето го покажувам јас, но стјуардите може да казнуваат затоа што за тоа се на трка и тоа е нивната работа.

мислам дека потегот на леклер врз хамилтон беше тврд и знамето беше покажано од таа причина. едноставно е за мене и тоа беше речиси идентично со тоа што пјер го направи минатиот викенд во спа. знамето јас постигна целта последните две трки.

Маси откри дека воведувањето на црно-белото знаме како опомена дошло по барање на возачите и екипите за да има посилно тркање на патеката. Тој не смета дека инцидентот на Верстапен и Ботас лани бил исти со оној на Леклер и Хамилтон, но холанѓанецот минатата година добил казна.

не е точно затоа што лани имаше контакт и тоа е едниот дел, а вториот дел е дека мораме да се сетиме на дискусиите со возачите од бахреин кога побараа да може послободно да се тркаат по многуте казни кои беа изрекувани.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ