Маси останува Директор за трка до крајот на сезоната

Мајкл Маси останува да ја врши улогата на Директор за трка за Формула 1 од страна на ФИА до крајот на оваа тркачка сезона.

Поранешниот претставник од Суперкарс работеше како заменик на Чарли Вајтинг се до неговата неочекувана смрт пред Големата награда на Австралија оваа година.

Маси ја превзеде улогата на Вајтинг и веќе е редовен безбедносен делегат и стартер на трките. Тој потврди дека ќе ја врши улогата на Директор за трка до крајот на сезоната по состанокот со Жан Тод.

По состанокот со Жан Тод во саботата тој ме советуваше да продолжам да ја работам работата до крајот на сезоната – откри маси.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ