Маси се пишмани, ќе размисли за промени на Хокенхајм

Дирекорот на трка во Формула 1, Мајкл Маси, изјави дека доколку Германското Гранд При на хокенхајмринг се врати во тркачкиот календар, ќе размисли за промени кај лизгавниот дел на последната кривина, каде трката ја завршија неколкумина возачи.

Подлогата на надворешниот дел од последниот сегмент од две кривини при дожд беше буквално како лизгализа, а Леклер, Хулкенберг и Хамилтон таму излетаа и беа само патници во одењето на болидот кон оградата.

Шарл Леклер од Ферари веднаш по крајот на трката се пожали на тој дел од патеката, а истото го направи и Нико Хулкенберг, но Маси не гледаше некој голем проблем со тој дел.

разговарав со нико и тоа што е разговарано ќе остане помеѓу нас, но ќе размислам за некои работи доколку формула 1 повторно се врати на хокенхајм. мораме да видиме дали може да се направат некои работи и да се подобри тој дел. вообичаено се останува настрана од тој дел, но кога е мокро и немате толку добра контрола на болидот, станувате само патник.

нико и јас дискутиравме и тоа беше многу продуктивен разговор и имаше причина за таа наша средба – откри маси.

Директорот за трка сфаќа дека има разлика помеѓу елементи надвор од патеката кои ги казнуваат возачите кои грешат од една страна, а од друга страна елементи кои по мала грешка ги загрозуваат возачите.

се работи за баланс кој ќе трае засекогаш. секогаш ќе има бранувања и недоразбирања на таа тема затоа што тоа е дел од спортот кој сите го сакаме. нема една работа која се вклопува секаде и поради тоа секогаш напредуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ