Маси: Случката со знамето во Јапонија е несакана

Тркачкиот директор на Формула 1, Мајкл Маси, вели дека несакана грешка во системот е виновна што карираното финиш знаме се појавило порано на електронскиот систем во Јапонија.

Победникот во трката, Валтери Ботас, го забележи знамето на електронскиот систем во 52от круг од предвидените 53 кои требаше да се извозат. Според правилата на Формула 1, тоа значи дека трката морала да биде означена за завршена во тој момент, дури иако возачите продолжат да се натпреваруваат.

Користењето на електронски панел за означување на крајот беше воведено на почетокот на годинава со цел да се избегне ситуација која се случи на други трки каде карираното знаме беше извеано во погрешен момент.

Од тоа што може да заклучиме станува збор за грешка во системот. Мора да истражиме. Нема да претпоставувам што е проблемот или што не е. Грешката е до системот.

Бидејќи има автоматски систем, но и луѓе кои ракуваат со истиот, мора да истражиме. Ќе ја разгледаме ситуацијате.

ова е Несакана случка. Се гордееме кога се е совршено, но ова не се случило претходно и мора да дознаеме зошто.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ