Маси со објаснување за казната на Перез

Серхио Перез е целосно незадоволен со одлуката на стјуардите на ФИА да го казнат со пет секунди, но Директорот за трка, Мајкл МАси, смета дека мексиканецот навистина се здобил со предност “сечејќи“ ја кривината и поради тоа мора да биде казнет.

Во текот на првиот круг во 5та кривина болидот на Рејсинг Поинт излета од патеката и се врати на неа преку означената патека, но и покрај тоа доби казна. Маси изјави дека доколку Чеко ги врател двете позиции кои “ги ќарил“ на тој начин, немало да добие казна.

доколку серхио излезеше надвор од патеката на 6та кривина и паднеше во поредокот зад два болиди, ќе го разгледавме случајот, но немаше да го казниме затоа што немаше да стекне преднос на тој начин. кога некој се приклучува на патеката, прво треба тоа да го направи безбедно и да не стекне предност преку минувањето надвор од патеката.

со анализа на снимките, особено онаа од ленс строл кој беше зад него, тркачата на серхио се закочија и поради тоа тој одбра да мине лево околу поставените столбчиња и на тој начин да стигне пред албон и магнусен. тоа беше дел од одлуката која следеше по состанокот на возачите во моанко согласно која се бараше возачите да на напредуваат при кратењето на патеката – јасен е маси.

Маси додаде дека по барање на возачите, трката контрола информира кога треба да биде вратена позицијата за да се избегне казна, но само доколку тоа се случи на првите две кривини од трката.

разговараме со возачите на состаноците и тие се сложија дека доколку се случи некакво пресекување на патеката на првит едве кривини, зависи од нивната комбинација, треба да ги предупредиме да ја вратат позицијата. Перез ќе добиеше предупредување доколку го направеше тоа, но по Канада тие побараа јасно разграничување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ