Мајами го менува планот

Според извештаите од американските медиуми, милијардерот и сопственик на НФЛ тимот на Мајами Долфинс, Стивен Рос, се откажал од првичниот план за организација на Формула 1 трката низ улиците на најголемиот град на Флорида.

Првичниот план беше патека по Бискејн Булевар која ќе минува низ Бејфронт Парк, но поради негодувањето на жителите, предложено е да се вози околу Хард Рок Стадионот, слично на трката која во минатото се одржуваше во Лас Вегас, на паркингот на Сизрс Палас хотелот.

Првичниот план не беше добро пречекан од локалните жители и бизнисите во тој ел од градот кои сметаа дека трката негативно ќе влијае врз нивното секојдневие.

сакаме да направиме нешто големо за мајами, но за жал, кога конечно го добивме деталниот извештај за тоа што ќе биде потребно да се изгради градската патека секоја година, тоа значеше неколку недели прекин на сообраќајот на пристаништето, на бејфрон парк и на резиденцијалните и бизнис згради на бискејн булевар. стив и јас сметавме дека тоа ќе ја уништи целата слика за она што сакаме да го постигнеме – изјави том гарфинкел, главен извршен директор на мајами долфинс и на хард род стадинот.

Формула 1 заедно со организацијата бара алтернативно место за организација, а најлогичен избор е Стадинот во негова сопствениост кој го чинеше милијардерот 700 милиони долари како водечки спортски и забавен објект во градот.

над 70% од фановите се очекува да дојдат од секаде низ светот така што еднонеделен настан низ мајами и економскоо влијание на трката во мајами ќе има исто влијание како супер бол.

треба да ни се поклопат многу работи за да го оствариме тоа, но имаме над 250 декари земјиште така што додавање на формула 1 трка крај хард рок стадионот и местото на одржување на мајами опен значи дека може да се донесе настан од светки калибар со делумно постоечка инфраструктура.

тоа ќе значи најдобра можност за гостопримство и врвна формула 1 трка. можеме да правиме забави и да организираме настани во центарот на мајами, во саут бич и брикел. тоа ќе го оствариме само ако бидеме во можност да донесеме врвно тркање, одлично искуство за фановите и вредност во мајами.

Стадионот Хард Рок во минатото било место каде концерти одржувале У2 и Бејонсе, но и се одржувал врвниот тениски турнир Мајами Опен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ