Мајкл Латифи бара место за 2020

Мајкл Латифи, богатиот татко на возачот Николас Латифи, бара место за својот син на Формула 1 гридот следната година.

Викендов 23-годишниот канаѓанец се појави во болидот на Вилијамс на првата петочна тренинг сесија, а медиумтие често го поврзуваат како замена за Роберт Кубица.

Вилијамс му одговара на николас. се работи за семејна екипа со одлична историја во развој на млади возачи вклучително и жак вилнев и валтери ботас – изјави милијардерот мајкл латифи, еден од најголемите акционери во мекларен.

Сезонава Николас е фокусиран на Формула 2 тркачката серија и мора да заврши во топ 5 на крајот од сезоната за да добие супер лиценца.

на крајот на летото ќе знаеме до каде сме. секако дека целта секогаш е стабилно место во формула 1, но за тоа нема гаранција. колку сме подобри во формула 2, толку повеќе ќе ни се отвараат вратите во формула 1. некои возачи немаат сигурно место како на пример роберт кубица и антонио џовинаци – смета латифи постариот.

Мајкл ги демантираше шансите на својот син за место во Мекларен иако неговата инвестиција во тимот од Вокинг е значително голема и изнесува 10% од компанијата.

не размислуваме за тоа. во моментов имаме двајца млади возачи со кои сме многу задоволни. мојата вклученост во вилијамс никогаш немаше цел да му понуди работа на мојот син.

за млад возач е полесно да почне во помала екипа одошто во некоја голема каде мора веднаш да се докаже и има многу голем притисок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ