Мекларен бара транспарентност од Рено по проблемите со моторот

Мекларен сметаат дека е клучно Рено да бидат транспарентни при откривање на проблемот кој доведе до откажување на нивните мотори во Белгиското Гранд При, со што тие не освоија поени во одлична трка за нивната екипа.

Трката на Саинз заврши уште пред да започен откако имаше проблеми со моторот на Рено во формацискиот круг, а потоа застана кратко по стартот. Норис од друга страна изгледаше дека ќе заврши на петто место, но неговиот мотор откажа во предпоследниот круг, со конечен пласман на 11то место.

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, вели дека тимот е фрустриран што ги загубил двата болида и можноста за поени и смета дека е потребен напор од двете страни да се открие причината.

Разочарувачки е што имаме две откажувања, со еден возач кој не успеа ниту да стартува. Во исто време тоа е проблем и на Рено.

Тие прават голем напор да донесат повеќе моќ во сезоната што е охрабрувачки. Но секако, разочарувачки е што имавме казни и две откажувања.

Важно е да бидеме транспарентни и отворени во нашата соработка и да ги анализираме проблемите и да ги поправиме заедно.

Мора да почекаме и да видиме, не верувам дека проблемот е поврзан помеѓу двете спецификации. Ова се шпекулации и мора да анализираме. Мислам дека не е поврзано со спецификацијата на моторот.

Сеидл додаде дека моторот на Норис сеуште не бил при крајот на својот животен век и имал доволно километража да биде повторно користен.

Сега ќе биде интересно да се види анализата за следната недела, што беше причината што наеднаш беше четврт најбрз болид бидејќи не го очекувавме тоа со стратегијата, во однос на Петок и Сабота.

Направивме напредок со Ландо во квалификациитте и доцневме само десетинка од трето место, но очекувавме поинаква трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ