Мекларен: Болидот за 2020 ќе биде целосно нов

Мекларен верува дека вистинската корист од новите луѓе во тимот ќе биде видлива следната сезона, откако екипата има одличен напредок и оваа година.

Тимот од Вокинг за прв пат има успешна сезона и е во моментов на 4та позиција кај конструкторите со предност од 2 поени пред Рено. Целиот тим се реорганизира со доаѓањето на Андреас Сеидл на шефовското место и Џејмс Кеј како главен технички шеф

Овој болид е чекор напред споредено со ланскиот и веќе ги немаме тие проблеми. Мислам дека е време да се започне со големи промени од кои ќе имаме корист наредната година.

Тоа започнува со овој болид на зимското тестирање. Имаме силни и слаби точки на болидот за кои прв пат мислиме да ги промениме за наредната година – најави сеидл.

Враќањето на Рено значи можност за Мекларен да се бори за подобра позиција.

Мислам дека почетокот на сезоната покажа дека можеме да се подобриме. Имаме болид кој добро реагира на подобрувањата. Имаме позитивен момент и духот во тимот е одличен. Сеуште е рано за мене, од 6 недели на работа поминав две и пол на пат и три во фабриката. Морам да разберам како се функционира.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ