Мекларен во партнерство со Huski Chocolates

Екипата на Мекларен го објави спонзорството со Huski Chocolates чијшто бренд ќе се појави на задното крило на болидот за 2019 година.

Мекларен Рејсинг и Huski Chocolates се горди што започнуваат повеќегодишно партнерство со кое брендот на компанијата ќе се појави на задното крило на болидот на Мекларен за 2019 година. Брендот на шведската компанија исто така ќе се појави на тимската облека, како и на тркачките комбилизони на Карлос Саинз и Ландо Норис.

Топлите и ладните пијалоци и чоколадни пијалоци на Huski исто така ќе бидат служени во централата на Мекларен во Вокинг, како и во тимските простории на трките, за тимот, вработените, партнерите, медиумите и гостите ширум светот.

Среќни сме што Huski Chocolate ни се придружија и што ќе ги промовираме на светско ниво. Одвај чекам да уживам на тие пијалоци и да ја споделам нашата авантура со нашиот нов партнер – изјави зек браун.

Huski Chocolate секогаш биле за животен стил и авантура, така што нема подобра платформа од уникатниот животен стил во Формула 1. Откако се сретнавме со нив во главното седиште во Велика Британија, бевме убедени дека тие се вистинскиот партнер кој ќе ни помогне да ги продаваме нашите ладни чоколадни пијалоци ширум светот – дополни Фредрик вон Есен:ж од Huski.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ