Мекларен гради нов воздушен тунел

Од Мекларен потврдија дека започнале со изградба на нов воздушен тунел во нивната фабрика во Вокинг.

Британскиот тим веќе има воздушен тунел во кој може да ги тестираат своите модели со 50% од вистинската големина, а според правилата најмногу е дозволено модел од 60% од вистинската големина и за тоа го користат тунелот на Тојота во Келн. Но, тимот се реши да изглади нов тунел кој треба да започне со работа по 2021 година.

Најголем проблем имаме што немаме свој воздушен тунел. Веќе неколку години го развиваме нашиот болид во Келн и сега донесовме одлука да изградиме сопствен во Вокинг.

Ова е одлична порака за сите во тимот за тоа колку се сериозни газдите. Голем поттик за моралот и целокупната насока во која се движи тимот. Ова ќе биде нов тунел кој ќе го изградиме за две години, а Го развиваме со нашите партнери од Келн – откри Андреас сеидл, шефот на тркачката екипа.

Германецот верува дека нивниот тунел е од голема важност за тимот во иднина.

Имаме одлична соработка со Тојота и го кориситме нивниот тунел, но мора да ги видиме новите правила и аеродинамиката и затоа ни е потребен наш воздушен тунел под наша контрола.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ