Мекларен демантираат дека Рено не им овозможува квалификациски мод

Првиот човек на Мекларен, Андреас Сеидл, демантираше дека фабричката екипа на Рено во својот мотор не им овозможува користење на квалификациски мод на своит емуштерии од Вокинг.

По трката на Силверстон, Карлос Саинз изјави дека бил силно изненаден од максималната брзина постигната од страна на Даниел Рикардо во фабричкиот болид на Рено иако теоретски тој имал исти мотор како него.

Сепак, Сеидл не смета дека имаат нееднаков третман од страна на своите партнери.

ако ги погледнете податоците ќе сфатите дека се работ иза сетинзите кои тие ги користат. веруваме дека работат целосно транспарентно затоа што правилата се јасни дека производителите и муштериите мора да имаат еднаква опрема на располагање во однос на мапирањето на моторот и сличните работи – изјави сеидл за шпански AS.

Германецот демантираше постоење на квалификациски мод во моторот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ