Мекларен изненадени од формата

Возачите на Мекларен, Ландо Норис и Карлос Саинз, немаат објаснување за ветувачката форма на Мекларен во петочните тренинг сесии во Франција.

Мекларен моментално е на 4то место во генералниот пласман кај конструкторите и постојано е во битка на врвот од средината досега во 2019 година. Но, во втората тренинг сесија, Норис се пласираше на петто место, додека Саинз ја завзеде седмата позиција.

Помалку е изненадувачки. Тимот и јас не верувавме дека патеката ќе ни одговара како Канада.

Ова беа само петочни сесии. Бевме брзи и во Канада во петочните сесии. сигурен сум дека и другите екипи ќе се подобрат, така што и ние треба да се подобриме. Мора да останеме напред. Незнам која е причината – вели Норис.

Саинз го сподели следното:

Не знам зошто. Не разбирам од кои причини.

Треба да ги анализираме податоците. Бевме силни, но ќе знам дека патеката ни одговара кога ќе се квалификуваме на шесто и седмо место. До тој момент, тешко е да се каже.

Знаете дека е добар ден кога не сте среќни со болидот и имате неколку проблеми, а сеуште сте на седмо место.

Тоа ни дава самодоверба за Сабота. Сеуште треба да промениме многу работи бидејќи пробувавме експериментални делови, го променивме подот, променивме многу работи на болидот за да ги откриеме перформансите.

Се надевам дека ќе имаме добар ден во саботните сесии.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ