Мекларен импресионирани од безгрешноста на Норис

Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, призна дека е пријатно изненаден од малиот број на грешки од Ландо Норис досега во неговата кариера, особено поради фактот што тој е дебитант.

Британецот воспостави импресивно партнерство со Карлос Саинз, откако и двајцата ги заменија Стофел Вандорн и Фернандо Алонсо. Со нивниот труд, Мекларен се на 4то место во пласманот и надобри од останатите.

Норис досега се покажа себе си како искусен возач. Браун го пофали успехот на неговите возачи, како и способноста на Норис да избегнува грешки.

Импресиониран сум од двајцата возачи. Навистина сум задоволен од нашиот тандем и поради тоа сакавме да потврдиме дека ќе продолжиме со нив. Карлос е особено брз секој викенд, а Ландо, тој е брз, но и брзо учи. Не прави секојдневни грешки, кои се очекуваат од дебитант.

Тој вози многу зрело, неговите информации се добри, се согласува со Карлос многу добро и двајцата возат за тимот, така што сме многу задоволни со нивниот напредок и затоа им ги продолживме договорите со цел да продолжиме со напредокот.

Нас ни се допаѓа тоа што го гледаме. Двајцата вршат одлична работа. Особено во случајот на Ландо, тој сега има доволно трки под притисок, се тркал против својот тимски колега, но сме го виделе и во првите редови.

Доволно забележавме за да знаеме дека тој е нашата иднина. Кога започнува сезоната на шпекулации, ние не сакаме да бидеме дел од тоа, сакаме да се фокусираме на тоа што го работиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ