Мекларен нема да ја жртвува 2020 за да се бори со Рено годинава

Мекларен најавуваат големи подобрувања за следната година и нивна цел не е до крајот на сезоната да се борат да го зачуваат своето место пред Рено во конструкторскиот поредок, туку да се подобрат за она што следи.

Екипата од Вокинг отиде на летна пауза со значителна предност пред француската фабричка екипа, но последните две трки не им оди како што посакуваа, а згора на тоа Рено имаше одлично Италијанскот Гранд При со двојни поени од 4то и 5то место.

секако дека сакаме да се бориме за 4то место се додека е тоа можно, но тоа не е поважно одошто следниот чекор односно развој за следнат агодина. не сакам да ја загрозам следната година со фокус на овогодинешниот болид до крајот на сезонава.

имаме план за она што сакаме да го направиме следната година, како да пристапиме и што д анаправиме. следните 2-3 трки ќе носиме новини, ништо значително, мали ситници кои се надеваме дека ќе донесат перформанси.

сеуште не сме одлучиле кога целосно ќе го промениме фокусот на следниот болид во однос на развојот, таа одлука сеуште се анализира – најави андреас сеидл, шефот на тимот.

Мекларен можеше да стигне до 5то место во Белгија, но моторот на Рено откажа буквално на стартниот правец од последниот круг, додека тимот направи грешка при промена на гуми кај Саинз во Италија и предвреме му ја заврши трката.

трката на карлос беше како што очекувавме, целевме на 6то место кое ќе беше “ограничување на штетата“ затоа што во спа и монца знаевме дека нашиот пакет со мала потисна сила нема да испорача на ниво на рено. јасно е дека сме разочарани што си одиме само со еден поен, а рено со 18.

важно е да се прегрупираме, ресетираме и да анализираме што се случило во детали при менувањето гуми. исто така мораме да ставиме повеќе потисна сила во задниот дел од болидот до крајот на сезоната.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ