Мекларен нема план за Алонсо

Мекларен не планираат да го повикаат Фернандо Алонсо назад во болидот иако тој нема некои обврски оваа сезона. Шпанецот е амбасадор на Мекларен, а претходно тестираше за Пирели во Бахреин.

И покрај тоа што неговиот Инди 500 проект со екипата од Вокинг е завршен и ја освои титулата во ВЕЦ серијата на издрживост, Мекларен нема да му понудат нов тест на Алонсо. Андреас Сеидл за Алонсо изјави:

Немаме план да го повикаме Алонсо во Мекларен. Среќни сме со Ландо и Карлос. Тие вршат одлична работа и тие се нашата иднина и мој фокус.

Алонсо е член на Мекларен и мислам дека веќе се дискутира за неговата иднина во други проекти.

И покрај тоа што Алонсо е очигледен избор за резервен возач, сепак Мекларен ќе ги користат услугите на Сергеј Сироткин. Дали ова е знак дека односот помеѓу Алонсо и Мекларен е променет, Сеидл изјави дека овој потег е од практични причини за Алонсо да не патува на секоја трка.

Невозможно е Фернандо да е тука на секоја трка. Ние работиме со Рено и Сергеј е тука на секоја трка.

Имаме согласност да делиме ресурси со Рено, во случај на проблем имаме резервен возач на патеката. Затоа и се согласивме на ова.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ