Мекларен не се противат на трансфер на Алонсо

Мекларен би го поддржале Фернандо Алонсо и неговот овраќање во Формула 1 во некој ривал доколку двократниот првак добие таква можност, откако британците решија да го задржат годинешниот возачки тандем и во 2020 година.

Карлос Саинз и Ландо Норис, двајца возачи кои дебитираат за Мекларен годинава ќе продолжат и следната, така што за Алонсо нема шанси повторно да се трка во портокаловиот болид. Сепак, при своето повлекување од спортот, шпанецот не отфрли враќање во тркачката серија доколку се создадат услови за тоа.

Медиумите пишуваа дека Нандо е во комбинација за возачко мест ово Ферари, но од Маранело потврдија дека Леклер и Фетел остануваат, додека Хелмут Марко откри дека шпанецот ги понудил своите услуги на екипата.

Алонсо е Амбасадор на Мекларен, сезонава го тестираше овогодинешниот МЦЛ34 болид, а во Мај не успеа со тимот д ас еквалификува за престижниот Индијанаполис 500.

фернандо останува амбасадор на мекларен. имаме одличен однос со него и често сме во контакт околу различни тркачки програми кои не се поврзани во формула 1.

среќни сме доколку сака да се врати во формула 1 и доколку добие таква можност да вози за некој тим, ние не би му правеле проблеми и целосно би го поддржале – изјави зек браун, првиот човек на мекларен.

Фернандо има две победи на 24 часа Ле Ман со Тојота, лани и оваа година, а исто така е и актуелен ФИА Ендјуранс шампион со јапонскиот производител. Но, реши да не продолжи да вози во ЛМП1 следната година и отфрли сезона во американскиот Индикар, иако сигурно ќе сака повторно да се проба на Инди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ