Мекларен открија зошто откажала суспензијата на Норис

Прегреаните сопирачките започнале низа на врзани настани кои довеле до кршење на суспензијата на задното десно тркало кај Ландо Норис што го паркираше крај патеката додека имаше одличен ритам и го држеше Ред Бул зад себе.

На почетокот на 8от круг, британецот застана на безбедно, на големата ширина на излезот од боксовите а пожар беше видлив во задниот дел на болидот, поточнп кај десното тркало. Пред да се откаже, тој целосно пресече една шикана, нешто што тимот смета дека било предвесник на проблемите.

Деталната истрага во Вокинг донесе заклучок дека високата температуран а сопирачките предизвикала пожар кој ја уништил суспензијата.

имавме многу висока температура на сопрачките, тоа направи пожар, локализиран пожар во задниот дел од болидот. поради тоа што пожарот беше во дел каде нема струење на воздухот, истиот не се изгаси и беше пречекорена температурата која карбонските делови може да ја издржат, а тоа придонесе суспензијата да откаже.  јасно ни е што се случи, проблемот не се истражува повеќе, тоа беше еднократен настан кој не можевме да го предвидиме – сметаат од мекалрен.

Проблемите на Норис немале врска со сопирањето на Карлос Саинз направено уште во почетните кругови од трката.

карлос имаше прегревање на сопирачките предизвикано од остаток од нечиј визир така што поврзаност нема. штом го отстранивме, температурата се врати во нормала.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ