Мекларен подготвени да се фокусираат на 2020

Од екипата на Мекларен велат дека нема да има компромис околу развојот на болидот за 2020 година.

Британскиот тим кој имаше проблеми подолг период е сега “најдобар од останатите“ на 4то место во пласманот, но Рено имаа значително подобар викенд во Монца. Сепак, тимскиот шеф, Андреас Сеидл, вели дека Мекларен ќе продолжи да притиска со своите планови за уште побрз болид наредната сезона.

Нема да има компромис околу развојот за 2020 година. Следната година е многу важна за нас. Ќе имаме мали подобрувања за следните 2 или 3 трки, а понатаму се е отворено.

Секако дека сакаме да се бориме за четврто место колку што можеме, но не смее да има компромис за следната сезона. Имаме план што сакаме да направиме оваа година, а друг план за наредната.

Последните две трки беа уназадување, но тоа се случува. Тоа е дел од спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ