Мекларен презадоволни од борбениот Норис

Од Мекларен изјавија дека Ландо Норис и неговите инженери воделе борба за опстанок во последните кругови од трката во Франција откако тој имаше проблем со хидрауличниот притисок од својот МЦЛ34 болид.

Тој требаше да завши на 7та позиција, но на 20 кругови до крајот почна да губи хидрауличен притисок. Поради тоа многу системи откажаа вклучувајќи ДРС-от, сопирачките, диференцијалот и серво управувањето. На крајот британецот заврши на 9та позиција откако имаше инцидент со Даниел Рикардо поради што австралијанецот доби казна.

Андреа Сеинд шефот на Мекларен, изјави дека имале сериозни проблеми и мислеле да го запрат Норис.

Инженерите и Ландо водеа борба за опстанок. Но тој продолжи да се бори иако речиси половина системи не му работеа. на крајот тој веќе не можеше да се бори и мораше да губи позиции.

Ландо изјави дека му било тешко како што откажувале системи на болидот.

Стануваше се потешко. Болидот беше тежок за управување и непредвидлив. Исто беше и со сопирачките. Менувањето брзини беше ужасно. а исто беше и со сервото. Имав многу проблеми и воопшто не беше лесно. На крајот тоа не чинеше позиции.

Сеидл го поздрави Норис кој имал тешка ситуација и сепак останал да го држи темпото.

Секако тој беше нормален на радио, бидејќи му требаше помош од нас. Но сепак тој беше импресивен и многу зрел во ситуацијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ