Мекларен размислува на 2020

Во Мекларен размислуваат да ги насочат своите ресурси кон болидот за следната година и да престанат со развој на овогодинешниот.

По лошите неколку сезони, меѓу кои и првата со Рено лани, славната британска екипа ги врати перформансите годинава и во моментов се најдобри од останатите веднаш зад Мерцедес, Ферари и Ред Бул, а 20 поени пред фабричката екипа на Рено.

одамна почнавме да работиме на болидот за 2020 година, а промената на фокусот беше направена доста порано од лани.

во моментов анализираме кога целосно да престанеме со развојот на овогодинешниот болид и да ги насочиме сите ресурси кон следниот болид и следниот чекор односно 2020 година – најави андреас сеидл за германски Auto Motor und Sport.

Најголем конкурент за 4то место на Мекларен е фабричката екипа на Рено од која во Вокинг ќе користат мотори до крајот на следната година.

убаво е да се чуе дека рено продолжува да инвестира и поради тоа сме убедени дека ќе добиваме добар производ од нив. развојот зимава е многу охрабрувачки, а новините кои ги донесоа со послендата спецификација носат јасен напредок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ