Мекларен сакаат Саинз да го победи Гасли

Мекларен си поставија нова цел, а тоа е нивниот возач Карлос Саинз да заврши на 6то место во возачкиот поредок.

Возачите на Мерцедес, Ферари и Ред Бул доминираат сезонава и ги заземаат пвите 6 позиции кај возачите, така што најдобро од останатите е реално освојување на 7мо место.

Шпанецот Саинз речиси редовно завршува зад големата шесторка и во моментов е на само 5 поени зад Пјер Гасли, младиот и неконстантен возач на Ред Бул.

единствен возач кој може да го стигне гасли е саинз и ние ќе се обидеме да му помогнеме да го направи тоа.

иако ред бул е значително побрз од нашиот болид и ќе биде многу тешко, нема да престанеме да се трудиме – изјави андреас сеидл за шпански AS.

Тој дополни дека е импресиониран од Карлос сезонава и дека Ред Бул многу погрешиле што го пуштиле да си замине од кај нив.

не можам да судам за тоа што се случувало во минатото, но во моментов ние сме презадоволни од двајцата возачи кои ги имаме. поради тоа толку рано потврдивме дека остануваат кај нас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ