Мекларен свесни дека имаат долг пат до врвот

Спортскиот шеф на Мекларен, Жил де Ферарн, изјави дека тимот е свесен дека им претстои долг пат до враќање на врвот и покрај очигледниот напредок кој го имаат сезонава.

Кина беше разочарувачка за екипата, но јасно е дека сезонава болидот е многу посилен одошто претходните години. Во Бахреин Саинз беше рамо до рамо со Макс Верстапен додека немаа контакт.

мислам дека болиот е чекор напред во однос на лани, тоа ни е јасно, но знаеме дека пред нас претстои уште многу работа. во текот на зимскит етестови изјавив дека нашето размислување не е променето и дека имаме уште многу да одиме за да се вратиме онаму каде што бевме – реален е де феран.

Тим за споредба во моментов им е Рено со кои користат исти мотори, а токму моторот им ги предизвика најголемите проблеми сезонава. Де Феран најави дека и да дојдат пред својот доставувач на мотори на крајот на сезоната, тоа нема да биде доволно.

рено прави одлична работа за нас годинава во однос на моторот и дефинитивно напредувале и ни даваат многу подобар агрегат. наша цел е да продолжиме кон напред без разлика кој е пред нас. кога бев возач се концентрирав на еден “непријател“, но повеќе не мислам тама.

само ние самите како група можеме да го контролираме тоа што самите го работие и на тој начин да осанеме фокусирани и да се движиме кон напред. искрено, нема да се помириме со ништо повеќе од прво и второ место на крајот од трка.

Де Феран заклучи дека разликите во тркачкиот и квалификацискиот ритам кај некои екипи годинава му дава голема доза на несигурност во однос на тоа каде се во поредокот.

видовме голема варијабилност во однос на трка и квалификации што веројатно се должи на новите правила и инженерите кои сеуште сфаќаат што треба да направат со своите болиди.

одиме чекор по чекор и се обидуваме да извлечеме максимум од секој ситуација.јас често велам дека се обидуваме да напредуваме со болидот малку по малку, не знаеме што прават останатите, не знаеме каде се подобруваат и каде заостануваат.

добиваме некаква идеа за конкуренцијата, но никогаш не може да бидете целосно сигурни каде стоите во однос на конкуренцијата. не стоиме с скрстени раце туку работиме на нашите слабости и го развиваме пакетот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ